За Париз се бара затворање за период од три недели
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Февруари, 2021
Се планира тринеделно затворање на француската престолнина.
Заменик-градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар најави дека ќе побара од француската Влада план за превентивно тринеделно заклучување. Во Франција од 15 декември во сила е полициски час, а баровите, рестораните, театрите, музеите се затворени со цел да се спречи ширење на Ковид-19. Претходно францускиот премиер Жан Кастекс најави заклучување на Париз и 19 други региони за време на викендите од почетокот на март, доколку продолжи ширењето на инфекцијата.
Во неколку европски земји коронавирусот забрзано се шири. На повидок е воведување на здравствен пасош за патување.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.