27 Октомври, 2024
0.0285

За плати до 70.000 денари: Избрани помошниците на Артан Груби за изградба на Коридорите 8 и 10д

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие за државни патишта објави дека извесната кандидатка Семијал Хасани Зибери е избрана за помошник на вицепремиерот Артан Груби како главен и одговорен координатор на проектот за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10д, кои ќе ги гради изведувачот „Бехтел и Енка“.

Помошникот на Груби, според огласот објавен на 13 април од страна на „Државни патишта“, треба да биде градежен инженер со најмалку 6 години работно искуство во струката и за него е предвидена нето плата од 70.052 денари.

Покрај помошникот на координаторот, во истиот оглас, Државни патишта имаше отворено позиции за уште 27 работни места поврзани со изградбата на автопатиштата Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола. Дел од бараните работни позиции веќе се пополнети и имињата на избраниците кои ќе добијат договор до 22.01.2028 година до кога треба да заврши проектот, веќе се објавени. За добар дел од местата - особено оние строго стручните, не е пронајден соодветен кадар.

Како градежен инженер на позицијата координатор на единицата за подготовка на проектот, за кого е предвидена нето плата од 65.029 денари, е избран извесен Рами Јусуфи. За координатор „на единицата за техничка изведба на проектот“, кој треба да биде градежен инженер -  исто за 65.029 денари, се вработува Александар Журовски.

Од четворица „специјалисти за експропријација“, кои од образование треба да имаат Правен факултет или други општествени науки или Јавна управа и администрација и нивната плата ќе биде 45.045 денари, избрани се двајца и тоа Ратко Ајцев и Саќим Селими.

За истата плата од 45.045 денари како преведувач е избран Арѓент Мехмеди, кој барем според огласот треба да има какво било високо образование. Од двајца администратори кои се бараа на огласот, одбран е само еден - Кристина Дукоска која ќе добива месечна плата од 30.000 денари. Од двајца возачи кои се бараа, одбран е само еден - Милорад Стојковски за плата од 30.000 денари.

Од две отворени позиции „специјалисти за подготовка, изработка и следење на проектна документација“ за плата од 55.037 денари, Ваљон Тефику пополнил едно место, а другото останува празно.

Не е пополнето ниту едно од петте работни позиции што се отворија за „специјалисти за инвестиции и градба на патишта“. Тоа би биле градежни инженери со тригодишно искуство за плата од 55.037 денари.

За истата плата од 55.037 денари не се нашол ниту еден урбанист, геодет, ниту двајца специјалисти за заштита на животната средина, како и еден електроинженер што се разбира во енергетски објекти и еден сообраќаен инженер. Никој од пријавените не ги задоволиле критериумите.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите

Народната банка бележи прогрес во областа на статистиката, од следната година ќе објавува и податоци за финансиските текови

Народната банка бележи прогрес во областа на статистиката, од следната година ќе објавува и податоци за финансиските текови

КАЗАХСТАН И УЗБЕКИСТАН НОВИ ПАРТНЕРИ НА БРИКС: „Ова е веќе голем чекор“

КАЗАХСТАН И УЗБЕКИСТАН НОВИ ПАРТНЕРИ НА БРИКС: „Ова е веќе голем чекор“

ДОЛГОТ Е ПРЕГОЛЕМ: моден синџир затвора продавници низ повеќе балкански земји

ДОЛГОТ Е ПРЕГОЛЕМ: моден синџир затвора продавници низ повеќе балкански земји

„ПЛАТИТЕ ОД 6.000 ЕВРА МОЖЕ ДА СТАНАТ МИНАТО“: германскиот автомобилски гигант во криза, граѓаните стравуваат за иднината

„ПЛАТИТЕ ОД 6.000 ЕВРА МОЖЕ ДА СТАНАТ МИНАТО“: германскиот автомобилски гигант во криза, граѓаните стравуваат за иднината

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЦЕНАТА НА КАКАОТО - се продава поскапо и од бифтек, од ден во ден нови поскапувања

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЦЕНАТА НА КАКАОТО - се продава поскапо и од бифтек, од ден во ден нови поскапувања