20 Декември, 2025
0.0540

ЗА ПОСВЕТЛА ИДНИНА: Дојче Банка размислува за радикални мерки

Објавено во: Економија 02 Септември, 2016 13:18

Добивај вести на Viber

Во викендот раководството на најголемата германска банка „Deutsche Bank“ ќе дискутира за радикални мерки за своето спасение, пишува The Wall Street Journal, повикувајќи се на свои извори. Една од овие мерки стана позната во средата: во август „Deutsche Bank„ водела преговори за спојување со втората по средства банка во Федералната република „Commerzbank“.

Но оваа идеја е напуштена, бидејќи е неиздржлива. Вистината е дека самиот факт за овие преговори и средбата викендов можат да значат тоа што банката не може да си дозволи долгорочно преструктуирање, кое беше најавено во есента 2015 година. Ситуацијата брзо треба да се подобри. Раководството на Deutsche Bank, вклучувајќи го извршниот директор Џон Краин, кој ја предводеше банката минатото лето, се однесува ладно кон можноста за спојување, изјавиле за WSJ луѓето запознаени со внатрешни преговори во банката.

Спојувањето може да предизвика прашања во врска со исполнувањето на антимонополното регулирање.

За оваа причина, Deutsche Bankја  разгледува продажбата на бизнисот за управување со средства: или целосно или делумно.

Банката би сакала да ја задржи основата на овој бизнис, бидејќи таа носи стабилен приход, но е подготвена да разговара околу можноста за продажба на негови делови.

Во 2015 година банката забележа 6,8 милијарди евра загуби, а за последната година загубила речиси половина од капитализацијата. Ова лето ММФ ја посочи Deutsche Bank со најголем ризик од систематски значајните банки за светскиот банкарски систем. Во стрес тестовите на ЕЦБ Deutsche Bank се нареди меѓу десетте со лош резултат.

На крајот на јуни банката имаше 29 милијарди евра средства од трето ниво на ликвидност (тоа се најмалку ликвидни средства), напиша порано Financial Times.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба