20 Мај, 2024
0.0255

Сега се под клуч: Приредувачите на игри на среќа лани пријавуваа милионски уплати од играчите

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

За половина година во казината, обложувалниците, автомат-клубовите и другите игри на среќа поминале 12.258 влогови и добивки од над 1.000 евра. Нема податоци за цела година, затоа што со законските измени, казината и другите приредувачи на игри на среќа мора да ги пријавуваат овие високи уплати и исплати од 1 јули 2019  во Управата за финансиско разузнавање.

„Во текот на 2019 година доставени се вкупно 4.736. извештаи од казината и 7.522 извештаи од другите приредувачи на игри на среќа“, велат од Управата за финансиско разузнавање каде што во 2019 за прв пат директно се пријавуваа овие трансакции од шестте казина, деветте обложувалници, 19-те автомат-клубови и од единствениот приредувач на електронски, интернет и лотариски игри.

Во просек излегува дека месечно во обложувалниците и казината се вртат најмалу по еден милион евра вкупно од влогови и добивки за кои еднократно се дадени барем илјада евра од играчите, односно од операторите на игри на среќа. Овие податоци ги користи управата за анализа за евентуално перење на пари или финансирање на тероризам и задолжително се пријавуваат веднаш.

Треба да се знае дека уплатите, односно влоговите од играчите често треба да бидат и административно одобрени од организаторите на игрите заради финансискиот ризик. Според тоа, се претпоставува дека тука станува збор за многу поголем број на вакви добивки, отколку на влогови.

Од 1 јули, 2019 година давателите на услуги на парични дознаки преку брз трансфер на пари доставуваат податоците за трансакции во износ од 1.000 евра или повеќе, при што во текот на минатата година имало 23.620 такви трансакции. Во текот на 2019 година преку банките минале вкупно 36.039 готовински трансакции и 49.403 поврзани готовински трансакции над 15.000 евра, што е слична бројка како и во 2018-та.

Се зголемува пријавувањето на кредити во Управата за финансиско разузнавање во вредност од над 15.000 евра.  Банките пријавиле дека имало 33.687 исплатени кредити во вредност од над 15.000 евра, што е за 3.994 повеќе од 2018. Нотарите лани пријавиле дека со нов имот во вредност од 15.000 евра или повеќе, имало во 19.577 наврати. Пазарот тука бележи пад затоа што се работи за околу 7.500 трансакции помалку од една година претходно.

Продавачите на нови возила кои вредат 15.000 евра и повеќе во текот на 2019 година по тој основ основ пријавиле 2.415 продажби. Исто и кај имотот, и тука има голем пад, со тоа што овде е преполовен од 4.951 продажба на ново возило во 2018.

А:К.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра