19 Декември, 2025
0.0573

ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: ЕСМ уште сега купува струја за цел ноември и декември

Објавено во: Економија 22 Јули, 2025 15:58

Добивај вести на Viber

За прв пат во историјата АД ЕСМ за потребите на потрошувачката на електрична енергија во земјата уште во јули ќе купува електрична енергија за ноември и декември.

Објавен е повик за купување на големо количество на електрична енергија од вкупно 132.000 мегаватчасови од 1 ноември до 31 декември.

Снабдувачите и трговците своите понуди ќе треба да ги достават најдоцна до утре, а електричната енергија ќе се купува во десет периоди во текот на овие два месеци.

Ова досега во пракса никогаш не се случило - да се планира долгорочно купување на најчесто увозна струја од отворениот пазар. Секогаш се купувало преку повици на краток рок или по актуелните цени од берзата ден-однапред.

Останува да се види дали е некоја корпоративна одлука со која на овој начин би се обезбедила поевтина цена за периодот на грејната сезона. По денешната цена од 104 евра на HUPX берзата, ова количество што го бара ЕСМ би се купило за околу 13,7 милиони евра.

Веќе подолг период производството на државното електростопанство не може да ги задоволи потребите на малите потрошувачи и на домаќинствата, па за да обезбеди социјален мир, купува или увозна или електрична енергија од берзата, но и увозен јаглен.

ЕСМ првиот квартал од 2025 година го заврши со загуба од 45 милиони евра, според евиденцијата на Министерството за финансии.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии