13 Мај, 2024
0.0242

За што Народната банка искористи 292 милиони евра во еден месец?

Објавено во: Финансии 12 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Народната банка ја намали вредноста на државните резерви во валути и депозити за 292 милиони евра за еден месец (јануари годинава во споредба со декември 2023 година). Од централната банка потврдија дека промените во девизните резерви се предизвикани од операциите во управувањето на девизните резерви, коишто имаат привремен карактер. И дополнија дека во овој период преку откуп на девизи продолжиле да интервенираат на девизниот пазар. 

Вредноста на државните девизи и депозити со кои управува Народната банка на преодот од 2023 година (декември) во 2024 година (јануари) е намалена за 292 милиони евра. Воедно тоа е единствената ставка во структурата на државните девизни резерви кај која има намалување на вредноста наспроти монетарно злато и странски обврзници кои бележат зголемување, покажуваат официјалните податоци на централната банка.

Ова е најголемо снижување на вредноста на девизниот кеш и депозитите на држава во последната година кои, во рамки на државните резерви, ги чува и со нив управува Народната банка.
Анализата на податоците покажува дека во период од шест календарски години ова е трето најголемо снижување на вредноста на државниот кеш на месечно ниво.

Јавно достапните податоци на Народната банка покажуваат дека најголемо месечно снижување на вредноста на државните девизи имало пред една година. Имено на преодот од 2022 во 2023 година намалувањето изнесувало 376 милиони евра. Тоа било рекордно намалување на девизните резерви.

Во суштина операцијата за намалување на државно поседуваните девизи значи интервенција на девизниот пазар во земјава или пак плаќање во девизи за потреби на државата Македонија.

Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста „Фактор“ побара објаснување од Народната банка и одговорот го пренесуваме во целост:

-Промените во девизните резерви се предизвикани од операциите во управувањето на девизните резерви, коишто имаат привремен карактер. Инаку, во овој период на девизниот пазар, Народната банка продолжи да интервенира со откуп на девизи, а позитивен ефект врз резервите имаа и трансакциите за сметка на државата, соопштија од централната банка.

На крајот на јануари годинава вредноста на девизите и депозитите во структурата на државните девизни резерви изнесува 1,47 милијарди евра и таа е втора највисока вредност на кешот во државните резерви од осамостојувањето на Македонија до сега.

За прв пат од постоењето на независна Македонија вредноста на девизниот кеш и депозитите во државните резерви надминува една милијарда евра во март 2023 година. Во однос на февруари лани тие во само еден месец пораснале за 699 милиони евра. Втор најголем месечен раст на нивната вредност е забележан во септември 2022 година кога се зголемени за 425 милиони евра. За нијанса помал раст има меѓу ноември и декември лани кога нивната вредност е зголемена за 423 милиони евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните