За Спасовски денешните бројки се резултат од рестриктивниот период
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2020
Доколку продолжи тенеденцијата на голем број на позитивни случаи на заболени од Ковид-19 не се исклучува можноста за повторно враќање на рестриктивни мерки, предупреди денеска премиерот Оливер Спасовски.
Техничкиот премиер денеска пред медиумите во Крива Паланка рече дека државата постојано не може да остане во вонредна состојба.и укажа дека овие бројки доаѓаат од рестриктивниот период.
Денеска повторно во Владата ќе се разговара и ќе се проценува дали ќе биде продолжена повторно вонредната состојба во државата, а утре претседателот Стево Пендаровски треба да одлучи дали тоа ќе биде сторено.
– Знаевме дека по укинувањето на рестрикциите ќе има одредени поместувања на бројките, но донесени се протоколи и за функционирање на угостителските објекти и за останати институции и останува на граѓаните истите да ги почитуваат. Сведоци сме дека вчера ниту угостителските објекти не почитуваа дел од протоколите, но и граѓаните. Бројките на новоинфицирани случаи се аларм и апел да се почитуваат сите мерки и протоколи, но доколку продолжи оваа тенденција не се исклучува и повторно враќање на рестриктивни мерки, рече Спасовски.
Според Спасовски и натаму нема договор за датумот за можните парламентарни избори кои требаше да се одржат на 14 април, а во межувреме Собранието се распушти. Тој рече дека врвен приоритет во моментов се здравјето и животот на граѓаните.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.