05 Декември, 2025
0.0409

За три ипол долари купи непроценливо богатство

Објавено во: Стил 24 Април, 2013 12:05

Добивај вести на Viber

За само пет долари кои ги одвоил за ситна нарачка на Амазон, момче доби огромно изненадување. Оваа приказна може поттикне многумина кои купуваат електронски книги, следниот пат да побараат и некое старо, прашливо печатено издание. Всушност, еден корисник на Редит раскажа дека неодамна преку Амазона за три ипол долари нарачал половна книга од Мартин Лутер Кинг „Јачина на љубовта“, затоа што новите изданије достигнуваат цена и од 450 долари. Откако пратката стигнала, открил дека за малку повеќе од три долари добил непроценлива копија од книгата. Веќе на првата страница ја пронашол посветата и како што насетувал, автограм од авторот на книгата лично. Екипата од Редит се вклучила во утврдување на автентичноста на документот и потписот. Среќниот купувач одлучил книгата да ја покаже на експертите, а меѓукоментарите се најде и проценката дека тој примерок на книгата на Лутер може да вреди околу 2.500 долари. И покрај тоа, момчето нема планови за продавање. - Книгата не планирам да ја продадам, напиша тој. Тоа е една од најдобрите работи кои некогаш ми се случиле во животот, ако навистина се работи за неговиот оригинален ракопис.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: