За турските власти, кризата во Кипар е „добра можност“
Објавено во: Свет 03 Април, 2013 20:22
Според турскиот претседател, Абдула Ѓул финансиската криза што го зафати Кипар е како што вели, одлична можност за ставање крај на поделбата на Островот.
„Кризата треба да се сфати како добра можност, бидејќи кога би се обединил Островот, би бил голем економски потенцијал. А, кога би се додале и потенцијалите за соработка со Турција и Грција, би било уште подобро“, истакна денеска турскиот претседател.
Инаку Кипар е во голема криза и воведува остри мерки за штедење откако минатата недела конечно се договори со еврозоната за финансиската помош од 10 милијарди евра.
Како жртви на новите мерки се и високите владини претставници кои отсега ќе мораат да летаат со економска клаза во авион. Само за претседателот на Кипар Никос Анастасијадис и претседателот на Парламентот Јанакис Омиру од целиот државен врв, ќе биде дозволено да летаат со бизнис-класа.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




