28 Март, 2024
0.0239

Заборавивме ли да се смееме?

Објавено во: Колумни 14 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Љубовта е долготрпелива, полна со добрини, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува,љубовта не се гордее, љубовта не се срди, не мисли зло...на неправда не се радува, а на вистина се радува...Ах колку убости се срочени во овие стихови, незаменливи, вечни,цитирани и споменувани илјадници пати, ненатпеани, безвременски, надчовечки, едноставно волшебни. Светиот Апостол Павле, на посебен, продуховен и вдахновен начин ја опишува љубовта и во своето обраќање до Коринтјаните сите позитивности и добродетелства што во своите говори ги споменува и препорачува максимата ја достигнуваат во посебната беседа-Песната над песните-за љубовта.  Љубовта е оној облак кој те полева со милни капки роса кога на плеќите те навјасуваат грижи и беспаќа Љубовта како вечна инспирација на боемите, вечна муза на уметниците, неизговорен доволно збор на писателите, ненатпеан стих на поетите, врвна хиерархиска вредност на научниците. Љубовта на пиедесталот на најголемите убости и радости кои го чинат човекот среќен и желен за нови предизвици и успеси. Таа е вечен сон на сонувачите, мелем на рана на талкачите, вдахновена инспирација на врвните мајстори на пишаниот збор, лек за растреперените срца и топлина за човечката душа. Љубовта е единствениот збор кој никого нема да го направи тажен, таа е единственото нешто што може да измами милна насмевка на усните на секој добронамерник, колку и да е емотивно ранлив или рационално ориентиран. Таа е оној облак кој те полева со милни капки роса кога на плеќите те навјасуваат грижи и беспаќа. Љубовта е онаа сила, оној импулс и искра која те покренува и во миговите кога мислиш дека се е отидено во неповрат. Таа е онаа исконска моќ која горката рана ја разблажува, тажната солза ја прави радосница, темнината ја осветлува. Љубовта е она мало парче енергија кое не поткрева и во најсуровите моменти, во делови од секунда знае сивилото да го обои, каменот да го оплемени,времето да го разведри и да ти ја вдахне онаа трошка надеж која на секому и те како му е потребна. Веќе заборавивме да се смееме, да покажуваме емоции кон оние кои ни значат, стравот да не бидеме повредени не навјаса и не направи окрутни и сурови Суровоста на секојдневието не обзема со молскавична брзина, трката по сопствена позиција и место под сонцето полека но сигурно ни го намалува она достоинство кое ни припаѓа и кое е обележје на вистинскиот човек. Се изгубивме во шумата наречена живот-секој по свој пат, праволиниски, без поглед наназад (што сме сториле, посеале и оставиле) и без поглед нанапред (што ќе ожнееме, оствариме и надградиме). И во таа избезуменост полека но сигурно се губиме и себе си, ги забораваме нашите основни човечки потреби, нашите доблести полека стануваат наши маани, нашите насмевки се затскриваат зад вџашеноста и фрапираноста од постапките на луѓето, со кои сме делеле добро и зло, а веќе не ги препознаваме. Динамиката на живеењето не направи да се оттуѓиме од нам ближните и драги луѓе, не направи егоисти и индивидуалисти, не обзеде една секојдневна меланхолија и монотонија. Веќе заборавивме да се смееме, да покажуваме емоции кон оние кои ни значат, стравот да не бидеме повредени не навјаса и не направи окрутни и сурови.До кога вака во бестрага.... Љубовта треба да биде звезда водилка на секој оној кој искрено и добродетелски мисли и размислува за себе и за своите ближни Е токму затоа треба да се чествува и празнува љубовта и токму затоа треба да се говори за сета нејзина сила која ја срочува и ја дава на обичниот човек. И секој оној кој можеби стареотипно ќе изговори е па што е тоа само еден ден да се посвети на саканиот, саканата, оној кој има посебно место во животот, родителот, братот, сестрата, пријателот не го прифаќам, бидејќи можеби е премалку, можеби е дури и претенциозно само еден ден да се чествува љубовта, но без оглед на се, барем се споменува и не тера на мисли и размисли што се таа вткајува и колку ни е суштински неопходна. Секој ден треба да ни биде оплотен со љубов, секоја наша постапка треба да тргнува од постулатите кои ги превознесува љубовта, таа треба да биде звезда водилка на секој оној кој искрено и добродетелски мисли и размислува за себе и за своите ближни.  Затоа и ќе се навратам на величината и на нејзината моќ преку стиховите опеани во песната над песните...Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, да ги знам сите тајни и да можам планини да покренувам ако љубов немам јас ништо не сум. Љубовта никогаш не престанува, а другото, ако се пророштва ќе престанат, ако се јазици ќе замолкнат, ако се знаења ќе исчезнат...А сега остануваат трите работи, верата, надежта и љубовта, а најголема меѓу нив е љубовта. Со чаша македонско вино, нашето најдобро, нектарот на боговите, посакајте си среќа, здравје, радост и бериќет, за себе, за оние што ги милувате и љубите, за сите добродетели, за нашата земја  просперитетна и силна. За многу години да ни се Свети Трифун и Свети Валентајн и со радост и убост да си ги чествуваме во нашата ни мила татковина-вековита Македонија. Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет-Скопје

Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?