19 Мај, 2024
0.0271

ЗАБРАНА: Српските интелектуалци нема да можат да влезат во Црна Гора

Објавено во: Балкан 01 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Потврдена e забраната за влез на српски интелектуалци во Црна Гора.

Полициската дирекција донесе одлука со која на српски интелектуалци, меѓу кои е и писателот Матија Беќковиќ, им се забранува да влезат во земјата.

„Преминувањето на државната граница, освен на Беќковиќ, им е ускратено и на историчарите Чедомир Антиќ и Александар Раковиќ, како и на српскиот политичар и адвокат Дејан Мировиќ“, изјавија од Граничната полиција.

Српските интелектуалци, на кои им е забранет влезот, беа најавени како говорници на манифестацијата по повод прославата на Собранието на Подгорица.

На полициските службеници на сите гранични премини им е доставен список на луѓе на кои не им е дозволено ниту случајно да влезат во земјата, затоа што тие ја загрозуваат националната безбедност на Црна Гора, објави црногорскиот весник Дан.

Како главна причина за забраната се наведуваат нивните поранешни изјави.

„Јас прво не знам дали ова е вистина и дали тоа се однесува на мене жив или на мене мртов, бидејќи планирав да бидам во Црна Гора кога ќе умрам. Се чудам за историчарите, но не се чудам за мене“, вели Беќковиќ.

Прашан зошто не е изненаден за себе, Беќковиќ вели: „Тоа е судбината на поетот“.

Празниците по повод 100-годишнината од формирањето на парламентот во Подгорица и Денот на обединувањето помеѓу Црна Гора, Србија и други јужнословенски нации ќе се одржат на 1 декември во Подгорица. 

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија