ЗАБРАНА ЗА ПРОДАЖБА НА ВОЗИЛА ШТО ЕМИТУВААТ CO2! Донесен е важен закон!
Објавено во: Свет 28 Март, 2023 13:51
ЕУ усвои закон за прекин на продажбата на нови автомобили кои испуштаат CO2 (со мотори со внатрешно согорување) до 2035 година.
Министрите за енергетика на Европската унија во вторникот дадоа конечно одобрување на законот за стопирање на продажбата на нови автомобили што емитуваат CO2 во ЕУ во 2035 година, откако Германија доби изземање за автомобилите што користат е-горива.
Законот стапува на сила веднаш. Ќе бара сите продадени нови автомобили да имаат нула емисии на CO2 од 2035 година и 55% помали емисии на CO2 од 2030 година, во споредба со нивоата во 2021 година.
Европската комисија, сепак, вети дека ќе предложи дополнителни правила за да се овозможи продолжување на продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување кои работат само на е-горива по 2035 година, откако Германија го побара ова изземање од забраната.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




