ЗАБРАНА ЗА ВОЗИЛА ПРОИЗВЕДЕНИ ПРЕД 2011 ГОДИНА: Албанија презема мерки за почист воздух
Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2025 17:19
Aлбанија презема мерки против загадениот воздух. За почист воздух државата ќе го забрани увозот на возила произведени пред 2011 година.
Ќе биде забранета регистрација на возила кои не го исполнуваат стандардот „Еуро 5“ на Европската Унија, со што ќе се замени сегашниот стандард „Еуро 4“.
Тоа значи дека автомобилите произведени пред 2011 година повеќе нема да смеат да влезат во државата. Како што објави Дирекцијата за транспорт, само минатата година се регистрирани 100.000 возила увезени од 81 земја, од кои над 33 илјади ја исполниле само нормата Еуро 4, додека 22 илјади биле постари од 15 години.
Оваа политика доаѓа како обид да се исполнат меѓународните барања за заштита на животната средина и безбедноста на патиштата, бидејќи постарите автомобили се сметаат за позагадувачки и поопасни за сообраќајни несреќи, објавија албанските медиуми. Наведуваат дека и земјите од регионот спровеле слични политики.
Тирана на листата на најзагадени градови на светот на air visual, не се нашла во првите 20, а таму редовно се Скопје, Сараево и Приштина, повремено и Белград и Софија.
foto Wikipedia/Chris Walts
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





