Задник како Кардашијан, гради како Адријана Лима: Најбарани естетски операции во Македонија
Објавено во: Стил 22 Јануари, 2020 09:25
Трендот за естетски интервенции во Македонија е во нагорна линија. Тоа порано се сметаше за табу-тема, но сега е ИН да се пофалите дека имате направено одреден естетски зафат. Муабетите за нови чевли, чанта или кола, сега во Скопје се заменети со муабетите дали се боцкате со ботокс, колаген или хијалуронска киселина, дали сте ги зголемиле или намалиле градите, дали сте го подигнале задникот, дали сте го затегнале стомакот, дали сте ги зголемиле усните со или без оперативен зафат, дали сте се подмладиле во лицето со крвна плазма или со сопствено масно ткиво. Дали сте поминале поевтино или поскапо, успешно или неуспешно, кај домашен или странски доктор. Дали (не) личите на себе, на холивудски или на бугарски модел.
Зошто потрагата по вечна убавина и совршен изглед сега е подраматична, за „Женски магазин“ откриваат проф. Д-р Смиља Туџарова-Ѓоргова, раководител на Одделот за естетска хирургија на Клиниката за пластична и за реконструктивна хирургија и редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и д-р Мирјана Јосифовска од Одделот за пластична и реконструктивна хирургија во „Аџибадем-Систина“.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





