Заев: 500-600 милиони евра од оттуѓување на државно земјиште
Објавено во: Економија 19 Февруари, 2021 10:24
Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во подготовка се законски решенија со кои ќе се овозможат, како што вели тој, петстотини до шестотини милиони евра од оттуѓување на државно земјиште. Голем дел од овие средства ќе бидат наменети и за буџетите на општините.
- Земјоделското земјиште кое што го оттуѓуваме сакаме огромен процент од него да дојдат како изворни приходи на општините. Токму овие големи приходи од вкупни два милиони хектари во државата, од 200-300 илјади хектари со оттуѓување ќе значат петстотини-шестотини милиони евра пари кои што континуирано низ месеци, низ полугодија, ќе влегуваат во јавните каси, голем процент сакаме да оди токму во општините, рече Заев.
Тој во истиот контекст најави дека три пати поголем данок на имот ќе се плаќа на општините за неискористен објект или за неставен во функција на развојот, почнувајќи од државата.
- Ако државата еден државен објект не го користи, не го изнајмува, не го става во функција на развојот, три пати повеќе на матичната општина или на Град Скопје ќе плати данок на имот, изјави претходно премиерот.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




