Заев бара Обвинителството да му предочи докази дека барал поткуп
Објавено во: Економија 03 Април, 2017
„Барам обвинителството да ни овозможи законско право да добиеме докази на кои обвинителството го темели обвинението против мене“.
Ова денеска го кажа опозицискиот лидер кој што се појави во суд на рочиште за случајот „Поткуп“ во кој што случај обвинителството го сомничи за наводно мито земено од струмички бизнисмен.
Денешното рочиште се одложи и е презакажано за 4 мај кога, како што соопшти одбраната на Заев ќе им биде овозможено да добијат препис или копија од доказите на основа на коишто се цитирани на самиот составен дел на обвинението.