15 Декември, 2025
0.0342

Заев: Ја забрзуваме изградбата на интерконекторот, разгледуваме акционерско учество во ЛНЏ-терминалот

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2020 09:53

Добивај вести на Viber

Северна Македонија ќе забрза неколку проекти со помош на САД како резултат на посетите на владините делегации неодамна во Атина и Солун, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на САД Францис Р. Фанон денеска во Скопје. Претседателот најави дека нашата земја ќе учествува акционерски во терминалот за прием на течен нафтен гас во грчки Александрополис и дека вложува 54 милиони евра во интерконекторот за поврзување со соседот, од кои 13 милиони евра се грант од ЕУ за надзорот и проектирањето. 

- Добивме поддршка од конзорциумот „Гастрејд“ за изградба на терминалот на течен гас во Александропoлис за трајно поврзување, од каде ќе се дистрибуира гасот понатаму во регионот. За интерконекторот добиваме можност за гас од Азербејџан и ЛНЏ-терминалите. Овие проекти ќе и обезбедат на Северна Македонија стабилно и континуирано снабдување со гас, независно и долгорочно снабдување по евтини цени. Нафтовород Скопје - Солун исто така ќе се рестартиа. Стануваме енергетски коридор за земјите од Јигоистоична Европа. Од земја која беше ставена на енергетскиот маргинален колосек, Северна Македонија денеска е вклучена во енергетските проекти и иницијативи. Отвораме нова ера на соработка со САД и другите земји членки на НАТО, како Бугарија и Грција, рече Заев.

Заев рече дека Македонија има интерес за акционерско учество во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција, како нова, независна влезна точка за снабдување со природен гас на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и нашата земја.  На средбата неодамна во Атина на покана на компанијата „Гастрејд“ учествуваа Заев, и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. 

Фанон дополни дека САД ќе ја подржи Македонија во овие два проекти и дека нерешеното прашање за гасоводот со Хеленик Петролеум и ОКТА ќе се заврза до наоѓање на решение.Фанон и државниот секретар на САД, Мајк Помпео, на почетокот од оваа недела во Солун учествуваше на состанок со  грчкиот министер за животна средина и енергетика Костас Хацидакис, заедно со заменик-министерот за надворешни работи, генералниот секретар за енергија,  управниот директор на ЕЛПЕ, како и претседателот на групацијата. Од македонска страна учествуваа вицепремиерите Фатмир Битиќи и Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши, додека САД беа претставени од Фанон и американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мари Брнз.

- Северна Македонија ја градите како регионален актер. Со воодушевавување бев таму со државниот секретар Мајк Помпео и претставниоците на вашата Влада. Гледам развој на нов енергетски пазар, во кој предводник е Грција за прием на енергетските ресурси, но и вие сте тука со приклучоците. Многу ни е мило што вашата Влада покажа интерес за Александрополис. Прашањето со Хеленик Петролеум и ОКТА напредува. Знам дека од грчката страна напредуваат преговорите. Сакам да оддадам признание за партнерството и заложбата, рече Фанон.

Тој додаде деја не е добро за една земја да има само еден снабдувач, така што нема да може да води независна политика на пазарот.

- САД има долгорочен интерес во однос на енергетската независност со политика уште од времето на претседателот Реган, од кога ја промовира диверзификацијата на рутите. Ако имате само еден извор, тоа тоа не е пазар, туку зависност. Американскиот гас е една од опциите. САД само што започна да извезува течен нафтен гас во регионот, додаде тој.




Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден