Заев: Јанaкиески, Вељаноски и Ристоски не се организатори на настаните во Собранието, нив ги изманипулирал Груевски
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2020 11:59
Миле Јанaкиески, Спиро Ристовски Трајко Вељановски и другите кои се тука се изманипулирани од главниот организатор за настаните од 27 април, рече денеска во Кривичниот суд премиерот Зоран Заев. Тој беше повикан како сведок на рочиштето и ги сподели неговите сознанија за настаните во Собранието тој ден. Заев вели дека е жртва во тој настан.
„Не мислам дека се осмислувачи и организатори на тој настан. Мислам дека се изманипулирани од Никола Груевски. Ова го кажувам, затоа што бев секој ден во Собранието и знам што се случувало и не верувам дека е коректно вакво тешко дело, рече Заев.
Тој претходно рече дека тоа што било поинакво тој ден, било давањето збор на пратеници на крајот од говорница или нивно неспречување надвор од Деловникот на неколку минути пред крајот на седницата.
Прашан дали конститутивната седница завршила тој ден, Заев рече „да", точката за избор на претседател на Собранието, заврши на седницата на 27 април.
Прашан дали спикерот Трајко Вељановски повикал некој пратеник да се откаже од правото на збор, Заев рече дека не се сеќава дека имало повик до некој пратеник да се откаже од правото на збор.
Прашан дали тој лично потпишал барање за продолжување на конститутивната седница, Заев рече дека не се сеќава точно, но дека е сосема можно.
„Логично е дека како претседател на парламентарното мнозинство во тој дел сум барал, заедно со останатите колеги, да продолжи седницата се до нејзино завршување, изјави Заев, пренесе МИА.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




