Заев ќе ги донесе ИКЕА и Блекстоун, Мицкоски најави три големи странски инвестиции
Објавено во: Економија 07 Јули, 2020 09:03
Претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ - Зоран Заев и Христијан Мицкоски на својот последен синоќешен ТВ-дуел најавија по големи инвестиции во Македонија по парламентарните избори на 15 јули.
Заев ги најави ИКЕА и „Блекстоун“, додека Мицкоски не лицитираше со имиња, но рече дека во првите 100 дена од новата влада ќе бидат објавени три големи мултинационални компании.
Веќе има медиумски информации дека шведскиот бренд ИКЕА е заинтересиран да инвестира во Македонија, додека „Блекстоун“ би можел ги складира стоките од пристаништето од Солун.
Дополнително Заев рече дека „Фреш фуд“ рече дека во 10 града прави инвестиции од 100 милиони евра за откупување на домашно македонско пиле за потребите на КФЦ, а со компанија „Еколог“, ќе се потпише договор за стратешки инвеститор, затоа што, како што вели тој, ќе вложи 300 милиони евра во инвестиции.
Од друга страна, Мицкоски рече дека имињата на компаниите кои би ги привлекла ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат кажани на, како што рече, првиот ден во експозето кое ќе го даде како премиер.
„Тоа ќе бидат сериозни мултинационални компании кои ќе инвестираат сериозен капитал“, рече Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




