17 Мај, 2024
0.0277

Заев: Компаниите во Радовиш се во лоша состојба

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Капацитетите во Радовиш како Јака Табак, АД Јака 80 и Гопдмак, се во лоша состојба, потврди денеска премиерот Зоран Заев одговорајќи на пратенички прашања.

Според него, сите влијателни компании во Радовиш се во лоша состојба. Во „Јака Табак“, како што рече, 60 отсто од вкупните побарувања ги имаше Стопанска банка АД Скопје, преку извршители се дадени насоки, а за останатиот дел се водат судски постапки. За непродадениот имот се планира негова распределба на доверители, согласно закон.

„Јака 80“ е во приватна сопственост и со решение од Основен суд Скопје 2 од 05.12.2014 година е поднесена постапка за реорганизација.

– На таа постапка за реорганизација е договорено 30 отсто од вкупните побарувања да се избришат и простат од доворителите, а остатокот со реорганизацијата да им се враќа на доверителите на три еднакви рати. Првата рата требало да се заврши до 31.12.2017 и не е исплатена, се доцни. Имаме фокус и на ова прашање и сакаме оваа компанија да биде надежна и да функционира, истакна премиерот.

Тој информира дека „Гоплдмак“ е приватна компанија, но не е активна долг период. Заев веќе одржал еден состанок со компании кои сакаат да ги искористат потенцијалните можности и лиценци кои „Голдмак“ ги поседува.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА