15 Декември, 2025
0.3383

Заев на Самитот на ПЕС: Поддршката од ПЕС е од исклучително значење

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2018 19:09

Добивај вести на Viber

Премиерот  и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска учествуваше во работата на состанокот на лидери на партии и шефови на влади на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), што се одржа во Софија, Р.Бугарија.

Заев, кој беше поканет прв да зборува на Самитот на ПЕС, изрази благодарност за поддршката што доаѓа од лево ориентираните партии членки на ПЕС за Република Македонија, особено во делот на ЕУ и НАТО интеграциите.

На состанокот едногласно беше потврдено дека Република Македонија има силна поддршка од сите партии членки на ПЕС. Тие ветија внимание и ангажман за да се унапредат перспективите на Република Македонија.

Партиите членки на ПЕС кои имаат свои претставници во највисоките институции на ЕУ ќе му предложат на Европскиот Совет на ЕУ во јуни да определи датум за старт на преговори со Република Македонија.

На Самитот на ПЕС, на кој учествуваа и премиерот на Грција и Претседател на Сириза Алексис Ципрас, премиерот на Португалија и Претседател на Социјалистичката партија на оваа земја Антонио Коста, Удо Булман, пратеникот во Европскиот Парламент од редовите на Социјалдемократската партија на СР Германија, Џозеф Мускат, Претседател на Лабуристичката партија и премиер на Малта, и Корнелија Нинова, Претседател на Социјалистичката партија, Претседателот на ПЕС и поранешен премиер Сергеј Станишев,  посебно го поздрави присуството на премиерите на Република Македонија и на Република Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани