Заев: На снимките не се работи за „Дијаверум“ туку за „Тотал ТВ“.
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2020
Зоран Заев, претседателот на СДСМ, за денешните објавени аудио-снимки во кои се слуша гласот на поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, во кои се споменува и Филип Медарски, тврди дека се извадени од контекст затоа што, според лидерот на владеачката партија, се работи за ангажман на адвокатот во меѓусебен спор во Тотал ТВ, а не за случај за дијализниот центар „Дијамед Македонија“ и за продажбата на неговата концесија.
- Медарски, многу често и адвокат на СДСМ, имал предмет во кој сопственици на Тотал ТВ имале меѓусебни пријави во полиција, која постапувала по Тотал ТВ, а тој бил застапник на еден од нив. Еден од сопствениците на Тотал ТВ е пријател и на Ден Дончев, па зборувале за него, рече Заев.
Тој тврди дека ги видел аудио-снимките и дека Медарски не бил вклучен во никакви релации со „Дијаверум“. Наведе дека ВМРО-ДПМНЕ стои позади овие снимки и дека неговата партија ќе излезе подоцна со детали за овој случај.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.