19 Декември, 2025
0.1442

Заев наспроти барањето на ССМ: Ние сме за дооткупување на стажот

Објавено во: Економија 07 Септември, 2020 14:18

Добивај вести на Viber

Зоран Заев, премиерот на Македонија, пред денешниот состанок со Дарко Димовски, лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија, рече дека Владата останува на ставот работниците да можат предвремено да се пензионираат само доколку се согласат на намалување на пензијата.

Наспроти ова, Димовски тврди дека ССМ бара работниците да може да се пензионираат според бројот на годините како стаж, а не според возраста.

- Жените да може да се пензионираат со 35 години стаж и мажите да одат во редовна пензија со 40 години, без разлика на нивната возраст. За нив да се обезбеди предвремена старосна пензија, бидејќи многу од нив не можат да дочекаат редовно да се пензионираат на 62, односно 64 години поради здравствени причини или претпријатието каде што работеле им отишло во стечај, рече Димовски на заедничката прес-конференција со Заев.

Претседателот на Владата рече дека уште денеска на состанокот ќе бидат утврдени некои мерки, но кога станува збор за пензионирање, ставот е воведување можност за предвремено пензионирање на максимум 5 години пред редовното пензионирање..

- Можеме да најдеме механизам преку тоа на што е подготвена Владата со докуп на стаж. Дражавата ќе развие алатки и методи, за да можеме и ние како Влада да го издржиме тоа. Опцијата е доколку тој се уплати, но во разни сектори и под разни услови, со цел таму да има поголема продуктивност на трудот, рече Заев.

Тој најави можност работниците сами да го доплаќаат придонесот, доколку го немаат условот од 15 години за пензионирање а се 5 години до пензија.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии