Заев: Од Србија ќе купиме 8.000 дози од Фајзер по набавна цена
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2021 10:46
Прмеиерот Зоран Заев денеска пред новинарите рече дека Македонија ќе купи 8.000 дози од вакцината Фајзер против Ковид-19 по набавна цена. Тие биле понудени од српскиот претседател Александар Вучиќ како донација, но претседателот на македонската влада рече дека била одбиен предлогот за толкав степен на великодушност.
Тој рече дека во моментов се водат преговори и за руската и кинеската вакцина, кои че пристигнат во Србија во изобилство, но за тоа треба да се проверат договорите дали Србија има право да ги дава на трети земји.
- Сакам да ја споделам оваа среќна вест. Рразговаравме со српскиот претседател Вучиќ и ја прифативме понудата за превземање на 8.000 дози од фајзеровите, а за другите тие прво ќе видат во договорите дали ќе може тоа да го направат за друга земја. Сакам да се заблагодарам до српскиот народ што солидарно сакаат да споделат со својот јужен сосед. Иако ни беше понудено како донација, ние ќе ги купиме по набавна цена затоа што имаме пари за тоа, рече Заев.
Заев додаде дека за деталите денеска ќе има уште еден разговор со српската премиерка Ана Брнабиќ До сега се пристигнати 25.000 илјади дози на Фајзер во Србија, а веќе ја примиле 19.000 Македонија има договор со Фајзер за 800.000 дози, но само 5.850 ќе стигнат кај нас во февруари.Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




