Заев одговори дали како ФИРОМ можеме да влеземе во НАТО
Објавено во: Македонија 08 Април, 2018 11:50
Премиерот Зоран Заев вели дека не е возможно Македонија да влезе во НАТО под референцата ФИРОМ, доколку до следниот самит не се најде решениe на спорот за името.
Тој потсетува дека при посетата на Македонија генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кажа дека таа работа не ја бива. Премиерот во интервју за МИА вели дека е возможно асоцијативно членство по теркот на Шведска и други земји, но сепак желбата на Македонија е членство во НАТО.
Заев вели дека достоинството и идентитетот, тие се црвените линии на Македонија во преговорите со Грција.
Заев вели дека по ова прашање очекува конструктивен пристап од страна на опозицијата и од Претседателот на државата. Тој вели дека ако се успее во оваа работа, тоа ќе биде успех на сите.
Заев вели дека има придвижување во процесот, имало позитивен исчекор во Виена, за кој, како што вели верува дека ќе биде заокружен дополнително на следната средба меѓу министрите Димитров и Коѕијас.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




