Заев пречекан од Конте во Рим
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2019 16:01
Премиерот Зоран Заев попладнево допатува во Рим, каде што беше пречекан од шефот на италијанската Влада, Џузепе Конте, со кого треба да оствари средба на која детално ќе биде информиран за тоа каква е перспективата на Македонија во евроинтеграциите во блиска иднина.
Тој денеска пред медиумите изјави дека на денешната средба во Рим со шефот на италијанската Влада, Џузепе Конте, ќе биде информиран за тоа дали Европската Унија планира во блиска иднина да биде активна на полето на проширување и за тоа каква е замислата за методологијата на преговори која ја планира францускиот претседател Емануел Макрон.
- Кај италијанскиот премиер Конте ќе добијам информација од прва рака за идните планови на Европската Унија. Истовремено ќе добијам претстава за тоа каква ќе биде методологијата која ја замислува Франција. Ќе истакнам дека алтернативи во замена за проширувањето за нас се неприфатливи. Пријателска Франција ќе осознае дека за нас нема алтернатива, рече Заев пред да отпатува за Рим.

Предвидено е по состанокот со Конте тој да замине во Брисел на проштална вечера на Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика. Заев денеска додаде дека и од таму ќе добие информации за процесот на прошурување и каква ќе биде неговата иднина.
„Му благодарам на италијанскиот премиер Конте за поканата за моја работна посета во Рим и за топлото добредојде попладнево во Владата на Италија во Palazzo Chigi. Ги негуваме и развиваме пријателските односи и соработката меѓу нашите две земји и нашите граѓани потврдувајќи дека Европа е нашиот заеднички дом“, објави Заев по пречекот во Рим.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




