07 Октомври, 2024
0.0279

Заев: Треба да се воведе регистар за лажни вести

Објавено во: Македонија 26 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев по големуит број на објавени информации во српските  таблоидни медиуми за аферата „Рекет“ и констатациите дека неговата политичката кариера не при крај, одговарајќи на новинарско прашање, препорача дека треба да се отвори регистар за лажни вести. Ова Заев го рече за време на заедничката прес-конференција со српската премиерка Ана Брнабиќ во Скопје по пуштањето во употреба на One-stop-shop Табановце-Прешево.

- Нашата земја е стопроцентно определени на градење на добри билатерални односи кои секогаш традиционално биле добри со Србија. Нема да дозволиме лажни вести да ги нарушат тие односи. Нашиот народ е поврзан меѓу себе. Тешко ми паѓа кога ги гледам тие лаги и невистини. Но како што рече Ана, светот има голем проблем со нив и ќе мора да најдеме институционални решенија. Знаат да направат непријатели и да зацрнат семејства и да нарушат личен интегритет. Треба да се разграничи критичкото новинарство, кое е многу здраво за демократијата, и лажните вести од друга страна. Новинарските здруженија работат на воведување регистар на фејк-њуз и такви портали, кој што со сигурност би дал резултати за публиката да знае што е лажна вест, наведе Заев.

Брнабиќ рече дека на средбата со Заев главно се разговарало за економски теми, но се согласува дека лажните вести се негативен глобален феномен.

- Со феноменот „Лажни вести“ се бори целиот свет. Тие одземаат многу време, многу енергија и цело време треба да се објаснувате со истите. Ние се трудиме секогаш да се фокусираме на конкретни работи, на подобрување на стандардот на граѓаните. Со подобрувањето на меѓусебната комуникација, тие ќе бидат елиминирани. Ние политичарите треба за нив да побараме еден заедничкли институционален одговор, рече Брнабиќ.

И двајцата политичари се сложија дека ослободувањето на поранешниот припадник на ОБК, Томор Морина, е судска, а не политичка одлука, по неговото апсење во Македонија на барање на Србија преку Интерпол.



Можеби ќе ве интересира

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода