19 Мај, 2024
0.0287

Заев во Софија по решение за деблокирање на преговорите со ЕУ

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев, утре во Софија ќе разговара за „интензивирање на напорите за изнаоѓање решение за деблокирање на евроинтеграциите на Северна Македонија“, објави владата во Скопје.

Како што беше најавено, премиерот Заев ќе се сретне со претседателот на Бугарија, Румен Радeв, со техничкиот премиер Стефан Јанев и со претставници на најголемите бугарски политички партии.

Во делегацијата на Владата на Северна Македонија со Заев ќе бидат министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Заев вчера рече дека има чувство дека проблемот со Бугарија нема да биде решен пред Самитот на ЕУ следната недела, на кој ќе се разговара за можноста за започнување преговори со Северна Македонија, но посочи дека ќе стори се за да се најде решение.

„Имам чувство дека проблемот нема да се реши на 22 јуни затоа што Бугарија има техничка влада и нема парламент, но не е невозможно да се реши. „Нема да биде срамота ако дури направиме успех и склучиме договор што ќе биде верификуван од следната политичка влада и парламентот“, рече премиерот на Македонија.

Заев повтори дека за македонскиот јазик и идентитет не се преговара и дека португалскиот предлог за решение е „на маса“, што е добра основа за преговори.

Во декември 2020 година, Софија го блокираше усвојувањето на Рамката за преговори и почетокот на преговорите со ЕУ со Македонија, но последните недели Скопје, со поддршка на португалското претседателство со ЕУ, неколку земји-членки и Европската комисија, се обидува да најде решение за рамката.

Денешната средба меѓу Заев и Радев ќе биде втора оваа недела, откако тие се состанаа на маргините на Самитот на НАТО, кога беше договорена посетата на премиерот на Северна Македонија.

По втор пат оваа година, граѓаните на Бугарија ќе гласаат на предвремените парламентарни избори, што треба да ги подготви техничката влада на Стефан Јанов. Владата ја назначи претседателот Радев, бидејќи ниту една партија не успеа да формира парламентарно мнозинство по изборите одржани на 4 април.


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична