19 Април, 2024
0.0255

Заев за предизвикот на МПЦ - Таа е реалност во православниот свет

Објавено во: Анализа 08 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Македонскиот премиер Зоран Заев имаше пригоден говор на одбележувањето на јубилејот 50 години автокефалност на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, како и на споменот на Свети Климент кој денес го празнуваат православните верници. 

Премиерот ја истакна секуларноста на Македонија како основен принцип со што не можеше и да се очекува од него поголемо посветување на внимание на новонастанатите односи меѓу МПЦ и БПЦ за посредување во православниот свет што може да донесе нови потреси на релација Белград-Скопје-Атина преку Софија. 

За сите кои се заинтригирани кој е ставот на Заев по ова прашање и дали тој има некаков удел со потсрек на настаните единствено што може да заклучиме е неговата поддршка за МПЦ како православна црква која го бара своето решение. 

Предизвици имало и ќе има. Како што успеал Свети Климент во мисијата на неговото време, повикани сме да се обидеме и да успееме и ние, надминувајќи ги предизвиците трпеливо и мудро, како што ни доликува, заштитувајќи ги идентитетските вредности како граѓани, како народ и како држава. Во таа насока и сум убеден, овој јубилеј, 50 години од автoкефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква ќе отвори и надминување на повеќегодишните предизвици исправени пред МПЦ, којашто е реалност во православниот свет“ посочи премиерот во својот говор.

Засега од бугарскиот православен синод нема нови информации за начинот на кој ќе продолжат односите со МПЦ што укажува на фактот дека се чекаат сигнали од исток, односно од поголемите и помоќни православни цркви и не е исклучено зад затворени врати да се вмешаат и други фактори со оглед на сложеноста на самото прашање кое никогаш не било исклучиво црковно, туку и политичко и национално од суштинско значење за македонските верници.

Секако, празнувањето на Свети Климент не дава премногу простор за теории и анализи туку во добра верба да оставиме простор да се изнајде соодветно решение во кое и политичарите ќе дадат свој позитивен придонес наместо да бидат кочничари на промените и подобрувањето на односите меѓу соседите.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!