19 Мај, 2024
0.0285

Заев-Жбогар: Заокружено е формирањето на Парламентот со изборот на спикер

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретна со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

На средбата заеднички е констатирано дека е заокружено формирањето на Парламентот со изборот на новиот собраниски претседател и дека демократскиот процес мора да продолжи со формирање на новата реформска Влада.

„Очекувам сите институции и вработените во нив да го сфатат својот дел од одговорноста во овозможувањето на развојот на демократските процеси. Новиот претседател на Парламентот е легитимно, законски и деловнички избран и низ официјална процедура во брзо време ќе го информира Ѓорге Иванов дека постои декларирано парламентарно мнозинство“ - вели Заев. 

Тој додаде дека е подготвен, иако Програмата на новата Влада е позната за целата домашна и меѓународна јавност, да ја реафирмира пред граѓаните и Иванов, со што ќе бидат разбиени сите неразумни аргументи со коишто Ѓорге Иванов го условува мандатот, за заштита на интересите на Никола Груевски.

На средбата е осудено крвавото насилство во Парламентот, кога беа насилно повредени пратеници, новинари и вработени и е оценето дека е неопходно да се овозможи мирен трансфер на власта.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична