Заев: Земјоделското земјиште нема да го носат ниту во Австралија, ниту во Америка
Објавено во: Економија 17 Мај, 2021
Премиерот Зоран Заев смета дека земјоделството не може да се развие дополнително без продажба на државните површини, коментирајќи ги најавите на опозицијата за блокирање на Законот за земјоделско земјиште. Цената ја утврдува Владата, а не може да биде пониска од 0,30 евра по метар квадратен ниту повисока од 1 евро по метар квадратен, стои во првичната верзија на Законот за продажба на земјоделско земјиште која е прикачена на ЕНЕР. Министерството за земјоделство го подготвува и чека коментари на решението, кое уште неизлезено предизвика лавина реакции.
- Лесно е да блокирате. Главен предуслов за развој на оваа стопанска гранка е сопственоста на земјоделското земјиште, ако сакаме да бидеме рамо до рамо со регионот и со светот. Не постои инвеститор, не постои никаква можност за дополнителен развој без сопственост над земјиштето. Земјиштето нема да го носи никој ниту во Австралија, ниту во Америка, ниту во Европа. Тоа е тука. Прашањето е дали ќе биде ресурс за развој или не. Нека има дебата, но дефинитивно имаме силни аргументи. Ако сакаме да растеме во бруто земјоделското производство, во смисла на максимилизација и компетитивност, неопходно е земјоделското земјиште да биде дадено во сопственост на инвеститорите, рече денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот на прес-конференцијата во велешко рече дека државата не го прави ова заради пари во буџетот.
- Парите се релативна работа. Парите од продажбата ќе одат за гасификација и за помош за локалните самоуправи, рече Заев и додаде дека земјиштето нема да се продава на странци, нема да може да се урбанизира и да се препродава извесен период.
Заев рече дека во моментов ниту една една банка не сака да ги кредитира земјуоделците, доколку земјиштето кое го работат е на државата.
- Лозовите насади во Италија и Шпанија се сите приватизирани, а кај не се, во Турција градинарските насади се сите приватизирани, а кај не се. Како тогаш ќе се борат нашите земјоделци, прашуав Заев.
Министерот за земјоделство, шумарско во водостопанство Аријанит Хоџа рече дека од странците ќе имаат право државно земјиште да купат само стратешките инвеститори кои ќе вложат најмалку 30 милиони евра во истото.
- Законот од 2013 беше недоречен и имаше комиисии кои земаа плати за продажба на државно земјоделско земјиште, а не се продало никакво земјиште. Им се даваат права на земјоделците, без разлика дали тие се богати, или не. Има земјоделци со над 9.000 договори под закуп, има меѓу нив со по еден, три, десет хектари.
Доколку нема да сакаат да го купат, тие ќе продолжат со закупот. Законот е јасен, прецизен и безбеден. Има една цел, не само инкасирање на средства, туку и развојна компонента во економијата. Прв пат на најтранспарентен начин се прави ваков закон, за кој ќе има јавни дебати по региони. Се што е аргументирано, ние ќе го прифатиме, објасни Хоџа.
Тој додаде дека во моментов во Македонија има над 110.000 хектари слободни.државни површини кои може да бидат земјоделски обработувани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.