19 Мај, 2024
0.0302

ЗАГАДЕНИ ПОЧВИ, ЗДРАВЈЕТО Е НА УДАР: За каменоломите на секој чекор природата ќе ни врати како бумеранг

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Каменоломите во близина населените места се штетни за здравјето на луѓето, но и за земјоделските култури и површини.

Агрономите сметаат дека во близина на каменоломите не треба да има површини засадени со раноградинарски култури или овошки. Каменоломите се штетни за почвата, но и за водите. Лекарите објаснуваат дека прашината од каменоломите може да предизвика кашлање, респираторни проблеми, воспаление на синуси, бидејќи таа се таложи во дишните патишта. Револт поради каменоломите има во околината на Струга. 

„Во радиус од 1 км од каменоломот не треба да се сади ништо. Многу зависи и за каков каменолом се работи и какви честици носи ветрот. Кога дува ветер честиците се лепат на грозје, праски, житарица, на сѐ што е засадено во близина. Кога врне дожд ги носи честиците по нивите. Тие се разнесуваат и при дупчење, при транспорт од каменоломот. Каменоломот може да ги загади и подземните води, а преку ерозија доколку ја има, може трајно да се промени структурата на почвата, односно да стане неплодна“, вели агроном.

Екологистот Јорданка Калајџиеска вели дека во никој случај не е добро што на секој чекор има каменоломи и тоа скапо ќе ги чини граѓаните.

„Сум поминувала во струшко каде што се каменоломите и се чудевме како е можно на секој чекор да има каменоломи, многу се блиску, и буквално една планина да ја уништат за каменоломи не е во ред. Тоа е многу штетно, и последиците ќе бидат долгорочни. Тоа е пример како несовесно се управува со природата. Има една поговорка која вели „Господ простува секогаш, луѓето понекогаш, а природата никогаш“. Тоа е една голема мудрост и навистина е така. Природата ќе ни врати како бумеранг“, додава Калајџиеска.

Блокади и граѓанска непослушност, како и проширување на протестите, најавија жителите на струшкото село Лабуништа, кои во саботата протестира против загадувањето што доаѓа од отворените ископи на камен во близина на селото.

Според локалното население од Лабуништа, од досега активните пет каменоломи за експлоатација на камен што се наоѓаат во непосредна близина на селото, досега се затворени три, но загадувањето од преостанатите два, кои работат со голем интензитет и натаму е многу големо.

Се жалат дека дишат загаден воздух, но и куќите им се испукани од минирања во каменоломите.

Повеќе од месец и половина, мештаните чекаат надлежните да им помогнат за овој проблем.

Политичката партија ДОМ најави кривични пријави за загрозување на човековото здравје поради каменоломите во Лабуништа.

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична