20 Декември, 2025
0.0710

Загина триесетгодишен рудар во рудникот за олово и цинк „Саса”

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2013 19:22

Добивај вести на Viber

Утрово загина рудар во „Саса“, вшера тешко повреден градежен работник. Опозицијата реагира. Загина рудар во рудникот за олово и цинк „Саса" во Македонска Каменица. Триесетгодишниот Ј.Д. кој работел како одржувач на машините во рудникот, според полициски извори, загинал додека работел на една од машините кога таа паднала врз него и го згмечила. Иако бил веднаш префрлен во болницата во Кочани, рударот подлегнал на повредите. Ви текот ба вчерашниот дена пак потешко повреден беше градежен работник на „Бетон“ по пад од голема висина додека работел на објект во Скопје.  С.Р.(59) кој е жител на кумановското село Љубодраг, работел на градилиште на улицата „Филип Втори Македонски“, а по падот со скршеници на ногата и повеќе повреди е префрлен во болница. Пред бнеколку дена уште еден градежен работник почина откако паднал од скелето на новиот хотел Мерниот во строгиот центар на Скопје. Со своја реакција на ваквите настани се обратија од опозициската СДСМ од каде прашаа уште колку трагедии треба да се случат за министерството за труд и социјална политика да преземе мерки за да ги обезбеди работниците на нивните работни места. „Само пред неколку дена јавно го поставивме прашањето до министерството за работата на Трудовата инспекција, дали и кого штити власта? Но, таа и понатаму не презема мерки на терен да види како се работи и дали се соодветни условите и заштитата на работниците при изведување градежни работи.Трудовата инспекција мора да ги казни сите оние кои неправилно работат. Ние во својата програма предвидуваме посебна грижа за работничките права и комплетно почитување на законската регулатива како основна гаранција. Исто така, предлог мерката на СДСМ предвидува сите градежни работници кои работат во тешки услови да имаат бенефициран стаж. Со реализација на овие предлог мерки ќе се намалат несреќите на работните места и значително ќе се подобрат работничките права. Трудовата инспекција ќе биде заштитник на работниците, а не на нечии индивидуални интереси“, стои во нивната реакција.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии