ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 78 ЛУЃЕ: Има и повредени во нападот на Израел врз Иран
Објавено во: Свет 13 Јуни, 2025 19:21
По нападот на Израел врз Иран најмалку 78 луѓе загинале, а 329 се повредени.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) почнаа голема операција преку ноќ, со кодно име „Лавовски подем“, во која извршија напади врз воени цели и локации на нуклеарната програма на Иран.
Израелските воздухопловни сили (ИАФ) извршија неколку бранови напади во различни делови на Иран.
Техеран беше мета на напади, каде што беа убиени неколку високи ирански воени функционери, вклучувајќи го началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили и командантите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, како и голем број нуклеарни научници.
Лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи го осуди нападот и го предупреди Израел за „тешки последици“. Израел засега не го коментираше последниот напад кај Табриз, ниту официјално ја потврди одговорноста за утринскиот напад.Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




