ЗАГРЕБЧАНИТЕ ЗЕМААТ ЗА 172 ЕВРА ПОВИСОКА ПЛАТА ОД ПРОСЕЧНИОТ ХРВАТ - аирлија: Стигнаа до 1.564 евра нето
Објавено во: Балкан 15 Април, 2025 11:53
Просечната месечна бруто-плата по вработен во правните лица во градот Загреб за јануари годинава изнесува 2.224 евра, што е зголемување за 1,3 отсто во однос на декември 2024 година и зголемување за 11,9 отсто во однос на јануари 2024 година.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правните лица во градот Загреб за јануари годинава изнесува 1.564 евра, што е номинално зголемување од 1,1 отсто во однос на претходниот месец и зголемување од 11 отсто во однос на јануари 2024 година.
Медијалната нето плата за јануари годинава изнесува 1.350 евра, што значи дека половина од вработените Загребчани имале помалку и половина повеќе од таа сума.
Според податоците на Градската управа за економија, еколошка одржливост и стратешко планирање, највисоката просечна месечна нето плата кај правните лица за јануари е исплатена во секторот вадење сурова нафта и природен гас и изнесува 2.339 евра.
Најниска плата е исплатена во производство на кожа и сродни производи и други лични услужни дејности, во износ од 943 евра.
Споредено со просечната месечна плата за јануари на хрватско ниво, која изнесува 1.392 евра, просечната загрепска нето-плата исплатена за тој месец е за 172 евра повисока.
Просечната месечна бруто-плата по вработен во правните лица во градот Загреб за јануари годинава изнесува 2.224 евра, што е зголемување за 1,3 отсто во однос на декември 2024 година и зголемување за 11,9 отсто во однос на јануари 2024 година.
Пословни.хр* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





