ЗАГРИЖУВАЧКИ: Еве колку емигранти влегле во Европа досега, а уште колку само ќе дојдат!
Објавено во: Балкан 14 Октомври, 2015 10:42
Европа треба да е подготвена за заканата од поголем миграциски бран напролет поради комплицираната ситуација во Сирија, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Во исто време Европската агенција за контрола на надворешните граници (ФРОНТЕКС) јави дека над 710 000 мигранти влегле во ЕУ од почетокот на годината до 30 септември.
Само за месец септември тие се 170 000, велат од Агенцијата. Најзасегнати од миграцискиот бран се наоѓаат грчките острови во Егејското Море. Од ФРОНТЕКС посочуваат уште дека бројот на мигрантите кои се упатуваат во Италија преку Средоземното Море од Либија е намален. Основната група мигрранти кои влегуваат во ЕУ се сириски бегалци, дополнуваат од агенцијата.
Во четвртокот претстои уште состанок на европските лидери, како акцент повторно ќе биде бегалската криза.
Од започнатите преговори меѓу ЕУ и Турција станува јасно дека земјата инсистира за визни олеснувања, повеќе европско финансирање и напредок на патот кон членството во блокот.
Доналд Туск сепак предупредил Турција дека може да очекува отстапки од ЕУ само ако всушност го намали приливот на бегалци во Европа.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




