08 Јануари, 2025
0.0239

ЗАГРИЖУВАЧКА СОСТОЈБА ВО ЕВРОПА ТРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Во оваа земја на Балканот е најлошо

Објавено во: Економија 07 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Инфлацијата во еврозоната забрза во декември, при што потрошувачките цени во Хрватска пораснаа речиси двојно повеќе од просекот, покажаа прелиминарните податоци на Европскиот завод за статистика објавени денеска

Годишната стапка на инфлација во еврозоната, мерена со хармонизираниот ценовен индекс (HICP) во декември изнесува 2,4 отсто, покажуваат прелиминарните пресметки на Евростат.

Инфлацијата продолжи да забрзува на крајот на годината, трет месец по ред. Трендот на бавен раст на цените беше прекинат во октомври, кога цените пораснаа за 2,0 отсто. Во ноември растот се забрза на 2,2 отсто, покажуваат ревидираните податоци.

Најголемо поскапување на услугите

Во декември поскапеа услугите чии цени се зголемија за 4,0 отсто, нешто повеќе од претходниот месец. Свежата храна е поскапа за 1,7 отсто во однос на претходната година, но со значително поблаг раст од ноември.

Цените на енергијата благо пораснале во декември, за 0,1 отсто во однос на истиот месец од 2023 година. Во ноември тие се намалени за 2,0 отсто, во октомври за 4,6 отсто, а во септември за 6,1 отсто.

Ако се исклучат енергијата и свежата храна, основните цени во еврозоната во декември биле за 2,8 отсто повисоки во однос на истиот период од претходната година, покажува пресметката на Евростат. Тоа значи дека стапката на базичната инфлација само благо се зголеми во однос на ноември.

На месечна основа, цените во еврозоната во декември пораснаа за 0,4 отсто, откако во ноември паднаа за 0,3 отсто.

Рекордна инфлација во Хрватска

Највисок годишен раст на цените е забележан во Хрватска, каде што потрошувачките цени мерени со HICP пораснале за 4,5 отсто. Во ноември растот беше 4,0 отсто. На месечно ниво, цените пораснаа за 0,2 отсто, по стагнацијата во ноември.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), потрошувачките цени во Хрватска се повисоки за 3,4 отсто во декември во однос на истиот месец 2023 година. На месечно ниво, според пресметките на ДЗС, тие се зголемени за 0,1 отсто.

Блиску до Хрватска во однос на растот на цените измерен со HICP во декември беше Белгија, со годишен раст од 4,4 отсто. И Естонија малку ја надмина границата од 4,0 отсто.

Убедливо најблаг раст на цените во еврозоната е забележан во Ирска, каде што цените пораснаа за 1,0 отсто на крајот на минатата година. Следуваат Италија и Луксембург со раст од 1,4 односно 1,6 отсто, покажуваат податоците на Евростат.


Можеби ќе ве интересира

Официјално: Во 2024 поскап животот за 3,8 отсто, во декември уште повеќе

Официјално: Во 2024 поскап животот за 3,8 отсто, во декември уште повеќе

ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА НАМАЛУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - катализаторите лидери, еве кои се другите најизвезувани производи

ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА НАМАЛУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - катализаторите лидери, еве кои се другите најизвезувани производи

ВОЗАЧИ, РЕГУЛАТОРНА СООПШТИ НЕ ТОЛКУ УБАВА ВЕСТ: Поскапуваат бензините, еве колку ќе ве чини литар

ВОЗАЧИ, РЕГУЛАТОРНА СООПШТИ НЕ ТОЛКУ УБАВА ВЕСТ: Поскапуваат бензините, еве колку ќе ве чини литар

„СЕГА НЕКА ГИ НАРЕКУВААТ ЖЕНИТЕ ПОКУЌНИНА“! - Работниците на „Мета“ збеснаа по новите измени: „Веќе не се важни фактите?!“

„СЕГА НЕКА ГИ НАРЕКУВААТ ЖЕНИТЕ ПОКУЌНИНА“! - Работниците на „Мета“ збеснаа по новите измени: „Веќе не се важни фактите?!“

Ердоган повика на бојкот на производите со високи цени

Ердоган повика на бојкот на производите со високи цени

ПАЗАРОТ ВО СТРАВ:Цената на нафтата расте

ПАЗАРОТ ВО СТРАВ:Цената на нафтата расте

ЗИМАТА ГИ ПРАЗНИ ЕВРОПСКИТЕ СКЛАДИШТА: Резервите на гас се трошат со рекордна брзина

ЗИМАТА ГИ ПРАЗНИ ЕВРОПСКИТЕ СКЛАДИШТА: Резервите на гас се трошат со рекордна брзина

МАЖИТЕ НАДВОР ОД УПРАВНИТЕ ОДБОРИ, ДОАЃА ВРЕМЕ НА ЖЕНИТЕ - во хрватските најголеми компании понежниот пол ќе мора да стигне до 40 отсто

МАЖИТЕ НАДВОР ОД УПРАВНИТЕ ОДБОРИ, ДОАЃА ВРЕМЕ НА ЖЕНИТЕ - во хрватските најголеми компании понежниот пол ќе мора да стигне до 40 отсто

Капа долу! Која државна фирма 13 години без прекин секоја година дели дивиденда?

Капа долу! Која државна фирма 13 години без прекин секоја година дели дивиденда?