ЗАГРИЖУВАЧКА СТУДИЈА: Загадениот воздух предизвикува губење на коскена маса
Објавено во: Општо 04 Март, 2023
Новото истражување покажува загрижувачка врска помеѓу високите нивоа на загаден воздух и прогресијата на остеопорозата, болест која ги прави коските покревки и поподложни на фрактури. Ризикот од остеопороза се зголемува со возраста, а особено е чест кај жените во постменопауза.
Така, истражувачите анализирале податоци од 9.041 жени во постменопауза во период од 6 години, фокусирајќи се конкретно на минералната густина на коските; што е индиректен показател за остеопороза и ризик од скршеници. Тие ги проверуваа местата каде што испитаничките живеат и таму ги следеле нивоата на азот оксид, азот диоксид, сулфур диоксид и ПМ10 честички (загадувачки честички со дијаметар помал од 10 микрометри/μm).
Опасност од азотни оксиди
Тие откриле дека како што се зголемува загадувањето, коскената минерална густина се намалува во сите делови на телото; вклучувајќи го вратот, 'рбетот и колковите. „Нашето откритие потврдува дека лошиот квалитет на воздухот може да биде фактор на ризик за слабеење на коските, независно од социо-економските или демографските фактори“, вели биомедицинскиот научник Дидие Прада од Универзитетот Колумбија во Њујорк.
Претходните студии покажаа поврзаност помеѓу загадениот воздух и поголем ризик од фрактури на коските, како и поголемо намалување на коскената маса. Ова ново истражување дополнително ги потврдува тие наоди со податоци за жени во постменопауза и различни мешавини за загадување на воздухот, известува Science Alert.
Прада и неговите колеги особено ја нагласуваат врската помеѓу азот и коските на 'рбетот. Скокот од 10 проценти на овој тип на загадување во период од три години е поврзан со просечно годишно губење на коскената минерална густина во лумбалниот 'рбет од 1,22 проценти, или двојно повеќе отколку за време на нормалниот процес на стареење.
„За прв пат имаме докази дека азотните оксиди конкретно придонесуваат за оштетување на коските“
Научниците веруваат дека тоа најверојатно се случува бидејќи коскените клетки „умираат“ за време на оксидативниот стрес, односно кога се уништуваат од токсични молекули од околината. „За прв пат имаме докази дека азотните оксиди конкретно придонесуваат за оштетување на коските“, рече Прада.
Треба да се напомене дека ова истражување покажува поврзаност, но не и причинско-последична врска помеѓу загадувањето на воздухот и губењето на коскената маса. Сепак, се повеќе и повеќе студии ја поддржуваат таа теза. Истражувањето насловено како Загадување на воздухот и намалена коскена минерална густина кај учесниците во Иницијативата за здравје на жените беше објавено во списанието eClinicalMedicine.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.