ЗАГУБА ОД НАД 500 ИЛЈАДИ ЕВРА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ - „Жито Лукс“ најавува раст на цените на производите, но редовно снабдување за граѓаните
Објавено во: Економија 30 Април, 2022
Компанијата „Жито лукс“ направила загуба од над половина милион евра во првиот квартал од годинава, говори билансот на успех на компанијта за тој период.
Од „Жито лукс“ објаснуваат дека причина за тоа биле змрзнатите цени на брашното од страна на Владата, како и зголемените трошоци во работењето.
„Според одлука на Владата, цените на сите видови леб и брашно Т-400 беа замрзнати на ниво не повисоко од важечките цени на 1 ви Декември 2021. Одлуката беше во траење од два месеца во 2022 година (од први ви јануари до 28 ми февруари). Истовремено, дојде до енормно зголемување на цените на сите инпути како енергенси (гас повеќе од 300 отсто, електрична енергија повеќе од 200 отсто), пченица (околу 38 отсто) како и на останатите суровини и пакувачки материјали.
Земајќи го сето ова во предвид, Компанијата го заврши првото тромесечие од 2022 година со загуба пред оданочување од 32.034 илјади денари, (односно 520.878 евра - н.з.)“, се вели во образложението на финансискиот резултат за првото тримесечје.
Приходите од продажба се зголемени за 8 отсто, при што приходите од продажба на домашен пазар бележат зголемување за 6 проценти, додека приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 37 отсто во споредба со минатата година. Дел од порастот на продажбите се должи на корекцијата на цените која беше спроведена во март 2021, но тоа зголемување не беше доволно за да се покрие континуираниот растечки тренд на цените на инпутите.
Трошоците
на произведени производи изнесуваат 238,721 илјада денари, што претставува
зголемување за 32 отсто во споредба со претходната година. Зголемување се должи пред
се на претходно споменатото зголемување на производните импути.
Трошоците за продажба и дистрибуција се зголемени за 2 отсто, додека административните трошоци се зголемени за 4 отсто споредено со истиот период минатата година.
За иднина, ќе бидат неизбежни зголемувања на цените на производите, но пазарот континуирано ќе се снабдува со брашно и леб.
„И
покрај очекувањата да дојде до стабилизирање на цените во претстојниот период,
последните проекции не се многу ветувачки. Секојдневно се соочуваме со континуирано зголемување на трошоците
за производство и сето ова има големо влијание врз нашето работење.
Како компанија водиме голема грижа за потребите на клиентите и ги градиме нашите приоритети според нивните барања. Како најголема компанија за производство на леб и брашно која јаснабдува целата територија на РС Македонија со овие продукти, чувствуваме одговорност и вложуваме големи напори да ги амортизираме покачувањата на производните инпути, но за жал, неизбежна е промената на цените на производите.
Со фокус на лесно премостување на овој предизвикувачки период внимателно ја следиме ситуацијата и сите промени во локалната, регионалната и светската економија за да ги имаме сите потребни информации корисни во процесот на одлучување и ќе преземаме соодветни чекори, додека остануваме доследни и посветени на континуирано снабдување на пазарот со квалитетни производи„, се вели во образложението на Билансот н успех на компнијата за првиот квартал.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.