18 Мај, 2024
0.0363

ЗАГУБАРОТ СТАНУВА ЗЛАТНА КОКОШКА: Новите газди на ФЗЦ во трка по 100 % од акциите!

Објавено во: Економија 05 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Новите газди, сопствениците на фирмата „Квалитет пром“ кои купија мнозински удел во ФЗЦ 11 Октомври, сега најавуваат дека сакаат да ја купат целата фабрика. Информацијата дека ја сакаат под целосна контрола фабриката за цевки, ја доставија до Македонската берза. Сега чекаат одобрување за превземање од надлежните институции. Сопствениците на компанијата Квалитет пром, кои од пред една недела се и нови газди на „ФЗЦ 11 Октомври“ најавуваат дека ќе откупуваат уште акции од фабриката за цевки. Новите газди, до Македонската берза доставија информација дека имаат намера да понудат цена од 550 денари по акција до сите акционери на „ФЗЦ 11 Октормври“. Минатата недела, сопствениците на компанијата „Квалитет пром“, за 2 милиони евра купија мнозински удел во фабриката „ФЗЦ 11 Октомври“. Стануваше збор за 234.158 обични акции што во оваа фабрика ги поседуваше Експорт Импорт банкката, во стечај, а кои беа купени по цена од 550 денари. Сопствениците на „Квалитет пром“, кои сега имаат мнозински удел во „ФЗЦ 11 Октомври“, за својата намера за објавување јавна понуда за купување на сите акции издадени од „ФЗЦ 11 Октомври“, веќе ги известиле надлежните институции, односно Комисијата за хартии од вредност, Комисијата за заштита на конкуренцијата и Одборот на директори на „ФЗЦ 11 Октомври“. „Барањето за добивање дозвола за понуда за превземање ќе се поднесе до Комисија за хартии од вредност во законскиот рок, а понудата за превземање  ќе биде објавена по добивање на дозвола од страна на Комисија за хартии од вредност, информираат од „Квалитет пром“ во официјалниот допис до берзата.   Превземањето на фабриката за цевки, се случува во време кога, оваа фабрика треба да работи на гасоводната деланица во Клечовце, проект вреден 75 милиони долари, а кој се гради во најголем дел со пари од клиришкиот долг, а 15 милиони долари се буџетски пари. Но, сопствениците на „Квалитет пром“, сега и мнозински газди на „ФЗЦ 11 Октомрви“, за Фактор велат дека тоа што ја превземаат фабриката за цевки  нема никаква врска со изградбата на гасоводот, и дека тука учеството на фабриката за цевки во овој проект нема да биде значително. Сепа, останува фактот, дека изградбата на гасоводната делница е пред самиот старт, и дека тој ќе донесе повеќе работа за македонските фирми. Руските изведувачи за Фактор посочија десетина фирми од Македонија со кои ќе соработуваат. Една од нив е „ФЗЦ 11 Октомври“, односно сега преку неа „Квалитет пром“, кои се нови газди. Но исто така, Русите посочија  уште една фирма, „Рапид Билд“, со која ќе соработуваат, а токму таа фирма повторно е поврзана со „Квалитет пром“, односно тие се нејзини сопственици. Тоа значи дека „Квалитет пром“ сега преку и „ФЗЦ 11 Октомври“и преку „Рапид Билд“, ќе учествува во изградбата на гасоводната делница во Куманово. Изведувачот на работите на гасоводот е договорен со меѓувладина спогодба за враќањето на клириншкиот долг, а фирмата изведувач од Русија, има свој подизведувач. Руските фирми пак, сами одлучуваат со кои фирми од Македонија ќе имаат соработка и ќе ги вклучат во проектот гасоводна делница. Н.С.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа