26 Април, 2024
0.0287

Захариева: Бугарија финансира проекти во Македонија

Објавено во: Македонија 04 Март, 2021

Добивај вести на Viber


Денес во Европа нема сомнение дека местото на Западен Балкан е во ЕУ, но треба да биде јасно дека ова е процес што зависи главно од работата на секоја од 6-те земји. Нивниот напредок се оценува со реформите и нивните индивидуални достигнувања, вели Екатерина Захариева, вицепремиер и министер за надворешни работи на Бугарија во новото интервју за Монитор.бг. Захариева вели дека Бугарија за ова доста им помага на Македонија и на другите земји од таа група, а споменува често соседите доаѓаат на одмор во Бугарија. 

„Нашите соседни земји имаат единствена природа како бугарска, вкусна кујна, нудат можности и за летни и за зимски одмори - но за да ги охрабриме Бугарите да ги посетуваат, а нашите соседи сè повеќе избираат Банско, Пампорово и брегот на Црното Море, ние мора да ја подобриме инфраструктурата. Бугарија, исто така, го поддржува развојот на граѓанското општество на Балканот, медиумите, образованието и науката преку финансирање на проекти бесплатно. Одвојуваме најмногу средства на Република Северна Македонија, вели таа.

Го повтори ставот дека ниту една земја од ЕУ не ја пристиска Бугарија да дозволи преговарачка рамка за Македонија.

„Ако некој од нашите соседи навистина мисли така, ќе му кажам дека Европската унија не работи така и не сметајте дека некој ќе ни мавта со прст. Напротив, ставот на повеќето земји-членки е дека нерешените билатерални прашања мора да се решат пред влезот во ЕУ, бидејќи имаме доволно примери за тоа како ова може да го попречи донесувањето одлуки кога сите ќе се собереме околу тркалезната маса во Брисел. Се разбира, сите земји-членки имаат национални интереси, но нашата цел е да постигнеме решение со консензус, а за тоа е потребна политичка култура на дијалог. Нашата цел е со проширувањето да ја направиме унијата посилна, а не послаба, вели таа

Тврди дека за време на пандемијата, ЕУ мобилизира повеќе од 3,3 милијарди евра за обновување и борба против коронавирусот на Западен Балкан, што било израз на посветеноста на Унијата кон регионот.


Можеби ќе ве интересира

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома