Захарова: Некогаш убавата вестерн „градина“ целосно избледе, можеби им недостига руско ѓубриво
Објавено во: Свет 21 Март, 2023 16:00
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова вели дека Западот покажал „завист, гнев и банална љубомора“. Oва се однесува на вчерашната средба во Москва на рускиот претседател Владимир Путин со кинескиот колега Си Џинпинг. Тема беше војната во Украина.
„Не го забележаа главното – и двајцата лидери зборуваа за повеќегодишниот конструктивен, а не деструктивен, развој на билатералните односи, што не е во интерес само на нашите две земји, туку и на целиот свет“, коментира Захарова на Телеграм.
Рече дека Германија им забранува на своите компании да ги користат најновите кинески телекомуникациски производи, а Холандија забранува соработка со Пекинг на полето на микрочипови.
„Се разбира, во САД не можат да им простат на Кинезите за тоа што нивните решенија предизвикуваат поголем интерес и се попопуларни од американските програми“, истакна Захарова.
Вели дека и во времето на пандемијата двете земји си помагале.
„Некогаш убавата вестерн „градина“ целосно избледе. Можеби им недостига руско ѓубриво што самиот Запад го блокираше. Од друга страна, „џунглата“ е полна со сила, богата со ресурси и суровини, а исто така, можеби најважно, полна со конструктивност и одговорност“, заклучи таа.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен не е надлежен да го критикува кинескиот претседател Си Џинпинг за неговата посета на Русија, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин. Кина се залага за мир во Украина.Кинескиот претседател три дена ќе престојува во руската престолнина. Украина утрово објави дека уништила руски ракети на Крим.
Можеби ќе ве интересира
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса




