19 Декември, 2025
0.0504

Заигра мечката, имаме ли алтернатива? Македонскиот извоз во Германија изгуби 9,5%, расте дефицитот со Кина!

Објавено во: Економија 14 Јули, 2025 07:45

Добивај вести на Viber

Македонскиот извоз во Германија во првите пет месеци годинава паднал за 9,5%, за увозот на горива сме платиле речиси 600 милиони евра, извозот на пијалоци и тутун пораснал за 54 %, трговскиот дефицит за пет месеци изнесува 1,34 милијарди евра, а Косово ја изгуби битката со Полска и повеќе не е еден од десетте најголеми трговски партнери на Македонија. Добра новина е тоа што Унгарија влезе во нашите најголеми трговски партнери и при тоа со оваа држава имаме трговски суфицит во размената. Ова се клучните пораки од најновиот надворешно-трговски биланс на Државниот завод за статистика објавен пред неколку дена, а се однесува на периодот јануари – мај 2025 година

Трговскиот дефицит на Македонија за првите пет месеци надмина 1,45 милијарди евра и тоа во услови кога македонскиот извоз пораснал за 3 отсто во споредба со првите пет месеци 2024 година, покажуваат официјалните податоци на трговскиот биланс на Македонија објавен на веб страницата на Државниот завод за статистика.

Најлоша вест во овој биланс е тоа што македонскиот извоз во Германија изгубил 9,5 отсто во споредба со првите пет месеци лани. Нашиот извоз таму изнесува 1,24 милијарди евра. Ова е многу лоша вест ако се знае дека Германија е убедливо најголем трговски партнер на Македонија и дека на тој пазар завршува над 40 отсто од целиот наш извоз. Ако некој сака да релативизира ќе каже дека додека паѓа нашиот извоз уште повеќе се намалува увозот од Германија (12 отсто н.з.). Но секој што разбира економија ќе каже дека падот е очекуван, дека е лошо за структурата на нашата економија и ќе праша дали надлежните институции имаат алтернатива?

Велика Британија и понатаму останува наш најголем увозен партнер со кој имаме трговски дефицит од 490 милиони евра.Тука вреди да се истакне дека креатор на увозот во најголема мерка е производителот на автомобилски катализатори „Џонсон Мети“ големиот интернационален производител на делови на автомобилските концерни. Увозот од Британија за пет месеци е 532 милиони евра.

Грција е трет најголем трговски партнер. Увозот од таму изнесува 409,6 милиони евра. Нашиот извоз во Грција изнесува 112 милиони евра и ако е за утеха во однос на истиот период лани е поголем за 18 отсто.

Србија традиционално е наш голем трговски партнер со кој традиционално имаме голем трговски дефицит. За првите пет месеци годинава нашиот кусок во трговијата со Србија изнесува 150 милиони евра. Нивниот увоз во овој период пораснал 17 отсто и изнесува 313 милиони евра.

Кина е најголем македонски трговски проблем за кој немаме решение. Нашиот трговски дефицит со Кина изнесува безмалку 450 милиони евра. Увозот од Кина изнесува 466,7 милиони евра. И од лани е поголем за 15 отсто. Нашиот извоз таму е помал од 19 милиони евра и при тоа е помал за 14 отсто од лани.

Увозот во Бугарија за првите пет месеци пораснал за 13 отсто и достигнал 190 милиони евра. Нашиот увоз од таму изнесува 262 милиони евра, а годинава пораснал 10 отсто.

И со Турција имаме, традиционално, голем дефицит во трговската размена. Од таму сме увезле стоки вредни 325 милиони евра и тоа е за 8 отсто повеќе од претходната година. Лошо е тоа што паѓа нашиот извоз во Турција и тоа за 10 отсто во споредба со лани.

Кусокот во размената со Италија изнесува нешто над 100 милиони евра. Увозот од таму вреди 199 милиони евра, а нашиот извоз изнесува 94,5 милиони евра и пораснал за 9 отсто.

Унгарија е светла точка во нашата трговска размена. Влезе во најголемите десет трговски партнери на Македонија и со оваа земја имаме суфицит во размената. Нашиот извоз таму вреди 155,6 милиони евра за пет месеци, а увозот од таму изнесува 93 милиони евра.

И со Полска имаме кусок од 100 милиони евра. Добра вест во лошото е тоа што нашиот извоз на тој пазар пораснал 19,5 отсто во однос на истиот период лани и изнесува 55 милиони евра.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии