26 Април, 2024
0.0493

ЗАИГРАА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ЖУРКИТЕ НА ПЛАЖИТЕ - ќе ја „букнат“ ли короната, ќе се знае за неколку дена

Објавено во: Македонија 04 Август, 2020

Добивај вести на Viber

По скандалозните забави на кои воопшто не се почитуваа здравствените протоколи, а за што се појавија и видеа на социјалните мрежи, заиграа и кривични пријви. Газдите на три угостителски објекти на охридското крајбрежје заработија кривични пријави поради непочитувањето на одредбите од Протоколот за работа во услови на епидемија, а се работи за два локала на плажите два и три во автокампот Градиште, како и угостителски објект на плажата кај поранешен хотел „Парк“, пренесуваат дел од медиумите. Сите кривични се поднесени поради стореното дело непридржување кон точките 2, 3 и 4 од Протоколот за работа во услови на КОВИД-19, а се однесуваат на неносење маски од посетителите, неодржување пропишана дистанца меѓу масите, столиците, лежалките, како и непридржување кон обврската за дезинфекција на инвентарот.

Според пазарните инспектори, покрај кривичните пријави, биле изречени и пет прекршочни казни за нерегистрирани трговски објекти кои изнајмувале лежалки и реквизити, и уште 12 прекршочни по разни основи.

„На подрачјето на Охрид имаме две кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик конкретно за журки во Градиште, на плажите два и три. Проблемот е голем онаму каде пазарните инспектори немаат надлежност за постапување. Туристите тоа го знаат и затоа, наместо на плажите кои што се во склоп на хотелите, и каде што има протоколи, одат онаму каде што никој не им наметнува правила.  На само 20 метри далечина од хотелските плажи, на таканраечените ,,диви” плажи, или плажи каде што нема стопан, надлежност да казнува нема никој. Таму нема игла каде да се фрли. Кога се чекаат редици за туристите да се качат на бродот за крстарење нема никаква дистанца и турканиците се големи“, информирале за ТВ 24 од ДПИ.

Дали ова непочитување на здравствените протоколи кое се случуваше во Охрид во изминатиов викенд ќе доведе до раст на бројот на заразени, според епиемиолозите, ќе се знае по неколку дена. 

Ваквото однесување на несовесните газди, но и на младите посетители на плажите, наиде на серија критики во јавноста. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот