15 Декември, 2025
0.0505

ЗАЈМИ КНИГА, ЧИТАЈ И ВРАТИ: Oтворена библиотека имаше во Охрид, а за догодина планот е поамбициозен

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2022 07:20

Добивај вести на Viber

Во текот јули, август и септември, НУ Библиотека „Григор Прличев" – Охрид реализираше пилот проект, односно во центарот на градот имаше отворена библиотека која работеше 24 часа.

Туристите можеа да зајмуваат книги, да ги читаат и да ги вратат. Од охридската библиотека велат дека иако биле скептични на почетокот, сепак се покажало дека пилот проектот вроди со  плод, а околу 600 книги на различни јазици поминале низ рацете на посетителите на Охрид. Понудиле литература на српски, хрватски, англиски, германски, италијански, холандски и други јазици. Велат дела Холанѓаните, Германците и Англичаните најмногу зајмувале книги. Објаснуваат дека сето ова како пракса постои и во странство, а во Охрид ја збогатува понудата. Додека се на плажа, гостите имаа можност времето да го поминат со книга во рака.

„Три месеци функционираше библиотеката на отворено. Никого не запишувавме, туку луѓето доаѓаа на штанд, земаа книги и ги враќаа подоцна. Услугата ја користеа бесплатно, затоа што се работи за лица кои не се наши читатели, ги немаме во cobiss системот. Имаше и многу луѓе кои донираа книги, така што постојано се надополнувавме со нови наслови. За идната година имаме поамбициозен план, планираме да им понудиме на хотелите во нивни состав да имаат вакви библиотеки. Ова веќе се практикува во странство, каде и телефонски говорници се претворени во библиотеки“, вели директорот на библиотеката, Милчо Јованоски.

Тој објаснува дека пред две години во авто кампот Љубаништа е оформена библиотека, а излегле во пресрет и на многу други институции, месни заедници, па дури донирале и книги за едно од охридските села кое е доста далеку од градот. Библиотеката во Охрид располага со околу 100.000 библиотечни единици.

Поетот Милчо Мисоски од соседниот град Струга смета дека ваквите иницијативи се потребни.

„Што му треба на градот, на заедницата, на општеството, нас, на поединецот.... Мислам дека тоа се вика култура и можеби ништо повеќе и ништо помалку, зашто ние сме тоа што читаме“, вели Мисоски.

Во светот мобилните библиотеки датираат од 19 век. Автобуси во Лагос, но и контејнери за транспорт во Холандија имале функција на библиотеки. Патувајќи од едно место до друго место, подвижните библиотеки имаат за цел да им донесат книги на оние што немаат пристап до нив. И во Нигерија децата добиваа книги од мобилна библиотека.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани