18 Декември, 2025
0.0599

Законот изгласан: За неколку дена ќе се знае кој ќе добие по 6.000 денари на сметка

Објавено во: Економија 05 Декември, 2020 15:43

Добивај вести на Viber

Законот за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани од шест илјади денари беше изгласан во Собранието на денешната пленарна седница. За гласаа и пратениците од опозицијата.

Законот предвидува на сметка да добијат по 6.000 денари граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Конечната листа кој се ќе добие помош сепак ќе ја изготвуваат неколку институции, а ќе биде објавена на kupuvamdomasno.gov.mk откако Законот ќе биде објавен во Службен весник. Парите кои ќе ги добијат граѓаните ќе треба да ги потрошат до 25 декември годинава.

Фактор ви открива детали од законот – парите ќе легнуваат на сметка во банка во коjа физичкото лице има постоечка трансакциска сметка и која во рок од пет дена од денот на влегување во сила на овој закон потпишала договор со Владата. Ако нема сметка во банките кои со Владата потпишала договор тогаш лицето корисник на помош ќе треба да отвори сметка во таква банка.

Помошта е слична како кога граѓани добиваа платежни картички и секој којшто мисли дека треба да добие треба да изврши проверка дали е на листата со внесување на својот матичен број на страницaта kupuvamdomasno.gov.mk по изгласувањето на законот. Сепак за разлика од тогаш, сега парите ќе може да се трошат во однапред утврдени дуќани кои продаваат домашни производи и макеоднски услужни субјекти. 

„Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон на интернет страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, објавува јавен повик за пријавување на правни и физички лица вршители на стопанска дејност за уписво Листа на даватели на македонски производи и македонски услуги, стои во законот.

Од тие дуќани ќе можат да купат со своја дебитна картичка на Пос терминал или Оn-line.

Парите нема да семее да се подигнуваат како готовина, со нив нема да може да се плаќаат производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) ПОС терминали.

За мерката државата ќе потроши 27 милиони евра.

„Она што го ветивме на избори денес го остваруваме - Собранието го усвои Законот за финансиска поддршка на ранливата категорија граѓани. Зборот е збор! Грижата продолжува еднакво за сите, напиша пред малку министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на фејсбук.

Други детали овде

Можеби ќе ве интересира

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји