Законот за предвремено пензионирање – шпекулација?
Објавено во: Економија 17 Февруари, 2016 19:14
Иницијативата за предвремно пензионирање во Македонија не стигнала до Министерството з труд и социјална политика.
Ова го тврди министерката Фросина Ташевска Ременски која ги негираше информациите дека министерството ја отфрлило иницијативата.
-Ако министерството ја отфрлило иницијативата, прво треба да знаеме за тоа, бидејќи тоа министерство ги потпишува документите” - вели Ременски.
Со иницијативата на организацијата на работодавачи се предлагаше измена на законот за пензионирање , во која што жените да може да се пензионираат на 59, а мажите на 61 година, а трошокот за надоместокот што ќе го добиваат три години додека да добијат статус на пензионери да падне на товар на работодавците.
Претседателот на Здружението на работодавачи пак, Ангел Димитров вели дека предлогот за предвремено пензионирање е заглавен во преговорите со синдикатите.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




