19 Декември, 2025
0.1009

Законски измени за побрзо завршување на стечајната постапка

Објавено во: Економија 09 Мај, 2013 15:10

Добивај вести на Viber

Електронска продажба на стечајната маса и електронско именување стечаен управник се дел од измените на Законот за стечај што Владата ги усвои на последната седница. Како новина се воведува и реорганизација на должникот пред отворањето на стечајната постапка и стечајна постапка од мала вредност.

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска на прес-конференција истакна дека со измените во кои се предвидени точно прецизирани рокови се очекува стечајните постапки да завршуваат многу побрзо за разлика од досега.

Се предлага продажбата на имотот да оди по електронски пат со лицитација без почетна цена, а во случај кога ќе има три неуспешни обиди во рок од 90 дена, да се пристапи кон физичка делба на имотот на доверителите.

Со реорганизацијата на должникот ќе се овозможи поголема гаранција за доверителот во процесот на наплата на своите побарувања со што ќе се намали и ризикот компанијата што оди во стечај да го загрози работењето на своите партнери.

Стечајната постапка од мала вредност ќе се применува во случај кога вредноста на стечајната маса е до еден милион денари. Во овој случај се предвидува стечајниот управник да предлага мерки до Собранието кое ќе донесе одлука и таа потоа ќе биде одобрена од стечајниот судија.

Поголема транспарентност во изборот на стечаен управник и рамноправна распределба на предметите се очекува да се постигне и со електронското именување на стечајните управници.

- Досега анализите покажуваа дека кај мал дел на стечајните управници биле сконцентрирани најголем број стечајни постапки. Имаше случаи кога еден стечаен управник имаше над 15 до 20 стечајни постапки, а имаше стечајни управници кои во истиот момент немаа предмет, истакна Сарачини.

Според правниот експерт Дејан Костовски, со измените се добива добро законско решение со кое ќе се забрзаат стечајните постапки. Тој очекува стечајната постапка во голем дел да заврши за околу 18 месеци.

Измените на Законот за стечај се очекува да стапат на сила од 1 јануари 2014 година.

Во првите два месеца од годинава има вкупно седум заклучени постапки. Моментално активни постапки се околу 255, а отворени 40. Во 2012 година имало 110 заклучени постапки, а процесот на времетраење на постапката бил една година и четири месеци, додека во 2011 година имало 78 заклучени постапки, а времетраењето било околу една година и осум месеци.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?