Жан Митрев покрај одземениот пасош, дал и гаранција од милион евра
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2022 14:56
Сопственикот на приватната болница Жан Митрев дал гаранција од 1 милион евра дека нема да бега по случајот што го отвори Обвинителството.
Ова се случило пред околу еден месец откако во меѓувреме на кардиохирургот му беше одземена патната исправа. Ваква одлука тогаш ја донесе судијата на претходна постапка откако Јавното Обвинителство го сослуша и побара мерка за обезбедување.
„Зголемени се мерките за присуство и покрај патната исправа од осомничениот е дадена гаранција дека нема да избега во готов износ од 1 милион евра во Кривичниот суд и цениме дека со овие мерки е обезбедено присуство на обвинетиот“, рече шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски на денешниот брифинг.
Од Обвинителството појаснуваат дека се очекува истрагата да заврши за околу три месеци, а досега исказ дале околу 80 отсто од пријавените оштетени.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




