18 Декември, 2025
0.0856

Занаетчиите се враќаат на работа в недела, ќе се произведува и масло за јадење

Објавено во: Економија 20 Мај, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Пратеници од владејачкото мнозинство до Собранието доставија предлог-измени на Законот за работни односи со кои се додаваат уште шест дејности кои ќе може да работат во недела, а пред се им се излегува во пресрет на занаетчиите и на производството на масло за јадење.

На листата се внесува занаетчиската дејност, но само за трговци поединци и физички лица запишани во посебен регистар. Се додаваат дејностите производство на масла и масти.

Нема детално образложение зошто се враќаат дејностите како производство на цемент, вар и гипс и производство на цигли, ќерамиди и производи од печена глина за градежништвото.

Во денот недела се враќа и откупот на земјоделски производи и производство на винo, само во процесите поврзани со прием, обработка и процесирање на грозје и гроздова каша, ферментација, стабилизација, филтрација, анализа  и следење и техничка и енергетска поддршка на овие процеси. 

„Во декември 2021 година, со воведувањето на неделата како ден на неделен одмор за сите, беа дефинирани дејностите кај кои работата е од таква природа, што не може да се прекине поради техничко - технолошкиот процес и потребата од континуитет во работата.

Меѓутоа, со започнувањето на примената на законот, беше увидено дека листата на дејности треба да се дополни со други дејности согласно истите критериуми, односно со потребата и во други дејности да се работи во утврдениот ден за неделен одмор, со цел да не дојде до големи финансиски загуби на одделни правни субјекти“, се вели во оправданоста на овие законски измени.

Сѐ поголем број занаетчии годинава алармираа дека поради неработната недела значително им се намалуваат можностите за остварување профит. За голем дел од професиите нема никаква можност да работат во недела, ниту оние занаетчии што сами се сопственици и сами работат во својот дуќан, односно нема можност самиот газда да се пријави и да работи во недела.

Во согласност со законското решение и измената на Законот за работни односи („Сл. весник на РСМ“ бр. 288/21), дозволено им е само на четири занаетчиски дејности да работат, и тоа производство на леб и слатки во свежа состојба (пекарници и слаткарници), фотографски дејности, печатење и издавање весници (печатници). За сите други дејности е забрането да работат во недела. Со тоа што на занаетчиите регистрирани во согласност со Закон за занаетчиство, и тоа пекари, слаткари, фотографи и печатари, не им се дозволува продажба на нивните производи туку само производство.

Од занаетчиската комора поднесоа барање да се прошири листата на дејности што ќе може да работат во недела, бидејќи се стравува оти некои дуќани би можеле целосно да прекинат со работа доколку неделата остане неработен ден. Претставниците на Занаетчиската комора претходно посочија дека дека барање за да работат во недела имаат поднесено повеќе услужни дејности, како што се фризер, декоратер на настани, шминкер, цвеќар, поправка на апарати за домаќинствата итн.

Министерството за економија минатата недела достави до Собранието предлог за измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се дава предлог во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела и за време на празници.

Со овие измени се дава можност на сите туристички места што се пропишани со Закон за туристичка дејност, продавниците и дуќаните во кои се врши трговија на мало да можат да работат и во деновите кои се третираат за неработен ден и државни празници во текот на целата година.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината